Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените во Народното правобранителство најавуваат протест за следната недела
Македонија

Вработените во Народното правобранителство најавуваат протест за следната недела

16/11/2023

AA

Следната недела вработените во Народното праборанителство излегуваат на протест заради тоа што веќе подолг временски период сме соочени со еден игнорантски однос од страна на државните институции, Владата и Собранието, најави денеска заменик правобранителот Јован Андоновски, кој го образложуваше Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022 во рамки на 115. пленарна седница во Собранието.

Како што можете да видите денеска тука нема никој тука од Владата иако е задолжително присуство на владините министри кои треба да одговорат на нашите предлози и препораки, но и заради тоа што долг временски период институцијата се бори со Владата и со Собранието да обезбеди организациска и финансиска самостојност, рече Андоновски.

И во последниот Извештај на ЕК и во скринингот, нагласи заменик правобранителот, е влезено дека на институцијата Народен правобранител треба да и се овозможи функционална организациска и финансиска самостојност.

-И таа обврска и е доволно позната на Владата и на Собранието и очекуваме пратениците да ги изгласаат измените и дополнувањата на Законот за Народниот Правобранител кои се доставени во Собранието на почетокот на месец септември, рече Андоновски.

Според него, ова што се случува со Народното правобранителство е преседан и веројатно ќе бидеме единствената држава во Европа во модерниот демократски свет каде протестираат против институциите на државата.

-И ако вработените кај Народниот правобранител не можат да ги заштитат своите права, тогаш која е веројатноста дека ние ќе им помогнеме на граѓаните кои се соочени со пробелми, рече Андоновски.

Во однос на Извештајот, 2022 е завршена со околу 3500, од кои 3200 добиени во извештајната година. Во споредба со 2021 година, за 20 отсто бил зголемен бројот на претставки, а тоа според Андоновски веројатно е поради згопемување на Ковид кризата.

-Во околу 700 случаи Народниот правобранител констатираше повреда на човековите права и повел постапки. Најголем број на претставки се однесуваа на повред на права од страна на јавните служби и установи (42%), рече заменик правобранител. Доминираат претставките од судството, потоа потрошувачите, работни односи, детски права и имотно-правите односи. Заменик-народниот правобранител најави дека наскоро во Собранието треба да пристигне и новиот Извештај.

За овој Извештај за 2022 година на Народниот правобранител зборуваа само пратеници од опозицијата.

Собранието денеска речиси без расправа го заврши претресот за повеќе точки од дневниот ред на 115. и 117. пленарна седница.

На 115. седница без дискусија заврши расправата за Годишeн извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2022 година, Извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година и Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година.

Претходо, во рамки на 117. седница заврши расправата за дополнувањето на Законот за јавните патишта, за Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност и за Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година. Гласањето за дополнувањето на Законот за јавните патишта и за Извештајот за АЦВ ќе се биде дополнително.

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека дополнувањето на Законот за јавните патишта се предлага возилата кои се во лична сопственост или сопственост на родителите/старателите на лица болни од цистична фиброза да се ослободуваат од плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта (патна такса)
и патарина.

Ристески исто така побара од Владата да го обезбеди и лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза.

-Поминаа шест месеци лекот не е обезбедување. Нотирано е и во Извештајот на ЕК во делот на здравството, рече Ристески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy