
Возило удрило во пешак кај струмичко Ново Село
Возило удрило во пешак кај струмичко Ново Село.
Се работи за пешак Ж.Ј. (47) од село Габрово, кој е потешко повреден на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село.
„Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од село Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во несреќата потешко е повреден пешакот, а повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, велат од СВР Струмица.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.