Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Некои судии и обвинители не ја заслужуваат платата што ја земаат, ќе направиме серијал на случаи!
Македонија

Мицкоски: Некои судии и обвинители не ја заслужуваат платата што ја земаат, ќе направиме серијал на случаи!

24/09/2025

AA

По реакциите на здруженијата на судиите и обвинителите дека нивните примања се најниски во регионот, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека барањата за повисоки плати ја откриваат вистинската цел на дел од правосудниот систем.

„Сега веќе на цела Македонија ѝ е јасно дека не зборуваме за суштински реформи во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите, односно за зголемување на платите,“ изјави Мицкоски.

Тој притоа посочи дека постојат професионалци кои чесно ја вршат својата работа во согласност со законите и Уставот, но и „мал дел“ кој, како што рече, го загрозува целиот процес. „Има такви кои не ја заслужуваат ни оваа плата што ја земаат,“ додаде премиерот.

Во однос на барањата за зголемување на примањата, Мицкоски нагласи дека останува на јавноста да одлучи дали државата треба да издвојува двапати повеќе средства за судиите и обвинителите одошто тоа го прават некои поразвиени членки на Европската унија.

„Ќе почнеме еден цел серијал на случаи како обвинувале некои од јавните обвинители, и како суделе некои од судиите. Јавноста нека суди па нека кодошат таму по Брисел или каде и да одат дека Владата не им ги зголемила платите“, додаде Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy