Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вонреден надзор во КПД Идрозво по наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп
Македонија

Вонреден надзор во КПД Идрозво по наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп

25/09/2023

AA

Управата за извршување на санкции на 19.09.2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени.

Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по живот да врати 4000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2000 евра  ветувајќи им  дека ќе бидат префрлени со работа во МВР.  Вкупната сума од 4000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ,,Сити мол”. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Во однос на  осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди. За Денковски , во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро

08/02/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА 11.000 вработени ќе добијат покачување од

08/02/2026
Македонија

Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: Апел за

08/02/2026
Македонија

ФОТО Конфискуван нелегално изградениот објект на аеродромот Стенковец

08/02/2026
Македонија

ФОТО Скопјанка нападната од глутница кучиња на кејот на Вардар

08/02/2026
Македонија

ЗОШТО ФИЛИПЧЕ ЈА НАПУШТИЛ ДРЖАВАТА НА 2 ФЕВРУАРИ, ИМАЛ СОСТАНОК?

08/02/2026
Македонија

Кајмакоски бил киднапиран се огласи неговата ПР, Миланка Рашиќ –

08/02/2026
Македонија

ЗАЕВ СЕ ЈАВИ ВО ОДБРАНА, ДАЛИ СТАНУВА КЛАУСТРОФОБИЧЕН? Од ВМРО-ДПМНЕ

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

08/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е постигнат договор со репрезентативните синдикати, според кој околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА 11.000 вработени ќе добијат покачување од речиси 40% до 2028 година

08/02/2026

Околу 11.000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што го постигнаа нејзините репрезентативни синдикати со Владата. Договорот ќе

Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: Апел за еднаков третман пред законот

08/02/2026

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денес организираше мирен марш низ центарот на Битола, започнувајќи пред Основното јавно обвинителство и продолжувајќи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy