Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Скопјанка нападната од глутница кучиња на кејот на Вардар
Македонија

ФОТО Скопјанка нападната од глутница кучиња на кејот на Вардар

08/02/2026

AA

Скопјанката Сања Николовска Најдовска, синоќа на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за напад од глутница кучиња на скопскиот кеј, што го преживеала рано наутро на 3 февруари.

Според нејзината објава, инцидентот се случил околу 4:30 часот додека излегла наутро да трча. Таа раскажува дека на дел од кејот, во близина на Палас, најпрво ѝ се приближиле неколку кучиња, кои почнале да лаат, а набрзо им се придружиле уште десетина.

„Се обидов да ги избркам со викање, но не успеав. Едно од нив ме гризна, а другите ми го попречија патот. Во паника решив да трчам назад. Трчав и ме гризеа околу пет минути, сè додека не се сопнав и паднав“, наведува таа во објавата.

Жената претрпела угризи на седум места по телото, по што случајот го пријавила во полиција. По интервенцијата на службите, таа била пренесена на Ургентен центар и примила тетанус вакцина во болницата „8 Септември“.

Во својата објава, Николовска Најдовска апелира институциите системски да го решат проблемот со бездомните кучиња, истакнувајќи дека по инцидентот се плаши да се движи сама низ градот. Објавата е адресирана до Агенцијата за храна и ветеринарство, Град Скопје, ЈП „Лајка“ и општините Центар и Карпош, со порака вакви случаи да не се повторуваат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy