Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: Апел за еднаков третман пред законот
Македонија

Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: Апел за еднаков третман пред законот

08/02/2026

AA

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денес организираше мирен марш низ центарот на Битола, започнувајќи пред Основното јавно обвинителство и продолжувајќи по Широк Сокак до плоштадот „Магнолија“.

Од Синдикатот нагласуваат дека целта на маршот е да се испрати јасна порака за еднакво владеење на правото и враќање на достоинството на полицијата. „Повод за маршот се последните јавни закани и настани во Битола, каде што поединци се закануваа со насилство кон полициски службеници доколку тие ги спроведуваат законите. Апелираме законите да важат подеднакво за сите – граѓани, полиција и институции“, соопшти НСП.

Од Синдикатот потенцираат дека маршот не е насочен против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку претставува апел за крај на, како што велат, двојните аршини во постапувањето на институциите.

Во рамките на маршот, Независниот синдикат побара еднаков третман пред законот за сите сторители на кривични дела, прекин на селективната правда и определување притвор за сторителите во случаи на сериозни закани. Дополнително, Синдикатот предлага итни измени на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со враќање на поранешната глоба од 1.000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните казни од 50 до 150 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy