Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на екс пратеникот Крсто Мукоски, имал само 19 години!
Македонија

Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на екс пратеникот Крсто Мукоски, имал само 19 години!

13/01/2024

AA

19-годишниот Милан Муковски синоќа загинал во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци.

Се работи за синот поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, велат од МВР.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека забавниот дел од вечерашниот концерт е откажан.

„Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел е откажан. Мислам дека нема да има учесници“, вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека општината не ја препознава во вакво светло.

Таа изрази сочувство до семејството на експратеникот Крсто Муковски, загина во сообраќајна несреќа.

„Не го препознавам Вевчани вакво. Навистина ми е жал за трагичниот настан. Би сакала да изразам сочувство до фамилијата. Јас за жал знам како изгледа таа болка. Дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Знам дека ситуацијата е неизвесна. Она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случува. Од наредна година, традицијата ќе продолжи понатаму“, рече Костадиновска Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
Македонија

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди

11/02/2026
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
Македонија

Брисел одлучува за престојот на возачите – Македонец казнет во

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41339
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените јазици 4 часа!

11/02/2026

Синоќа во селото Слупчане, општина Липково, избувнал голем пожар во куќа сопственост на 63-годишниот А.И. Иако материјалната штета е значителна,

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните кардиохируршки случаи

11/02/2026

Интерната и странската експертска комисија што ја ангажираше Министерството за здравство денеска одржаа онлајн состанок за проверка на спорните кардиолошки

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди и погрешни терапии!

11/02/2026

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде поранешниот директор Нино Васев и двајца лекари

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy