Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Тајван се одржуваат избори важни за целиот свет, почна броењето на гласовите
Македонија

Во Тајван се одржуваат избори важни за целиот свет, почна броењето на гласовите

13/01/2024

AA

БРОЕЊЕ на гласовите на денешните претседателски и парламентарни избори во Тајван, кои Кина ги прикажува како избор меѓу војна и мир, бидејќи го зголемува притисокот врз демократскиот остров што сака да го врати под своја закрила.

Избирачките места се затворија во 16 часот по локално време, а набргу потоа започна рачното пребројување на гласовите. До вечер треба да се знае исходот од претседателските избори.

Тајван се смета за пример за успешна демократија откако ги одржа првите директни претседателски избори во 1996 година, по децении авторитарно владеење.

Владејачката партија, која се кандидира за трет мандат, ги отфрла територијалните претензии на Кина

Владејачката Демократска напредна партија (ДПП), која се залага за посебен идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, се кандидира за трет мандат.

Нејзин кандидат е тајванскиот потпретседател Лаи Чинг-те, кого Кина повеќепати го осудуваше како опасен сепаратист пред изборите и ги отфрли неговите постојани повици за преговори.

Лаи вели дека е посветен на одржување на мирот во Тајванскиот теснец, но се залага за големи инвестиции во одбраната на островот. Тајванското Министерство за одбрана утринава соопшти дека повторно забележало кинески балони како минуваат низ теснецот, а еден од нив го прелетал Тајван. Министерството ја осуди серијата балони што летаа низ теснецот во последните месеци како психолошка војна и закана за воздушната навигација.

Противници на Лаи

Лаи има двајца противници – тоа се Хоу Ју-их од најголемата опозициска партија Куоминтанг (КМТ) и поранешниот градоначалник на Тајпеј Ко Вен-је од малата Тајванска народна партија (ТПП), основана во 2019 година.

Хоу, како и Кина, го обвинува Лаи дека се залага за независност на Тајван. Лаи тврди дека Хоу ги застапува интересите на Пекинг, што Хоу го отфрла. Ко ја доби поддршката од младите гласачи особено затоа што се фокусираше на прашања како што се високите цени на имотот. Тој сака повторно да воспостави контакти со Кина, но вели дека демократијата и начинот на живот на Тајван не смеат да се жртвуваат за оваа цел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy