Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО СРПСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ СНЕМУВА КАФЕ: Koи се причините?
Економија

ВО СРПСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ СНЕМУВА КАФЕ: Koи се причините?

12/02/2025

AA

Кафето полека исчезнува од српските дуќани. Граѓаните забележале дека утрово во некои продавници нема кафе, не можело да се најде кафе од ниту еден производител. Горан Радосављевиќ, професор на факултетот ФЕФА, за Нова.рс вели дека кафето автоматски поскапува штом се зголеми акцизата за него. Тој забележува дека Србија е една од ретките земји во Европа која има акциза за кафето, бидејќи на Запад, како што наведува, акцизите се почести на производите со додаден шеќер отколку на кафето.

Зголемувањето на акцизите на почетокот на февруари ќе донесе повисоки цени на кафето кај северниот сосед. Цената на кафето во изминатиот период е зголемена поради недостигот на овој производ на светскиот пазар. Економистите проценуваат дека без разлика на поскапувањето во Србија, потрошувачката на овој производ нема да се намали. Владата одлучи да ги зголеми акцизите, односно да ги усогласи со ланската инфлација од 4,5 отсто.

Акцизата на непеченото кафе се искачи на 112,71 динари за килограм од 108,06 динари. Цената на печеното кафе се зголеми од 135,07 на 140,88 динари за килограм. Просечен жител на Србија пие околу четири килограми кафе годишно, односно околу 600 шолји годишно. По новото покачување на акцизата, нема дилема дека кафето и неговите производи ќе поскапат, без разлика дали ги купувате во продавници или ги нарачувате во ресторани. 

Фјучерсите за кафе Арабика достигнаа рекордно високо ниво 13-та трговска сесија по ред. Извештаите за систем за суво и топло време што се формира над регионите на кафе во Бразил помогнаа да се зголемат цените, бидејќи земјоделците во најголемиот светски производител не сакаат да продаваат, известува Clix.

Фјучерсите на кафето во Њујорк, кои се сметаат за глобален репер цена, претходно достигнаа рекорд од 4,2410 долари за фунта, затворајќи се за 6,2 отсто на 4,211 долари за фунта.

Цените годинава пораснаа за околу 35 отсто по скокот од 70 отсто минатата година. На пазарот постои загриженост поради малите залихи во Бразил, кој произведува скоро половина од светската Арабика. Тамошните земјоделци продадоа околу 85 отсто од сегашниот род и не брзаат да продадат повеќе.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
Македонија

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи

25/11/2026
Македонија

📽️ 📷 75 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ И ПОЕВТИН РОАМИНГ СО

25/11/2026
Македонија

И НОЌЕ СЕ АСФАЛТИРА АВТОПАТОТ ДО БОГОРОДИЦА Николоски најави модерен

25/11/2026
Македонија

СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата приведе 21-годишен жител на Струмица

25/11/2026
Македонија

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата

25/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46933
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ 44 Тошковски најави построг институционален

25/11/2026

Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави телефонска линија за жртвите

25/11/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе отвори телефонска линија преку која жртвите на семејно насилство ќе можат

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи во западна Македонија, температурите ќе

25/11/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во текот на наредните денови. Најмногу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy