Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ – Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион
Економија

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ – Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

31/03/2025

AA

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, со слетувањето на авион на „ЕasyJet“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе продолжи ширењето на мрежата на летови.  

– Ќе го пречекаме првиот лет на „ЕasyJet“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот „Орли“ во Париз е управуван од групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која „ТАВ Аеродроми“ се членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на Скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат до еден од најфреквентните аеродроми во Франција, кој нуди бројни домашни и европски летови – истакна Курт за весникот ВЕЧЕР.  

Следните нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром „Скопје“, од 3 мај, се Барселона и Лион, двете со авиокомпанијата „Визер“.  

– Ова е уште една одлична вест за патниците на Скопскиот аеродром, особено во однос на повторното воспоставување на авиолинијата до Барселона, бидејќи е многу барана дестинација за патување – вели Курт.  

Тој нагласува дека има постојана голема побарувачка за патување, што влева доверба дека аеродромите во Скопје и во Охрид ќе продолжат да се развиваат како клучни регионални портали.  

– За да го поддржиме ова, во годината на нашата 15-годишнина во Македонија, како „ТАВ Аеродроми“, ја подобруваме аеродромската инфраструктура, ги оптимизираме операциите и обезбедуваме непречено патничко искуство. Посветени сме на тесна соработка со авиокомпаниите, воздухопловните власти, властите во областа на туризмот и со Владата за да ги направиме Скопскиот и Охридскиот аеродром уште поатрактивна дестинација за патници и за деловни можности – констатира Курт.  

Во таа насока, тој потсети дека минатата недела, на Охридскиот аеродром беше пречекан првиот лет од Истанбул на „Turkish Airlines“, што ќе биде голема придобивка не само за аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид туку и за целиот регионот на Охридското Езеро и за целата македонска економија.  

– Турскиот национален авиопревозник ќе лета од Истанбул до Охрид и назад четири пати неделно, што ќе биде одлична можност за луѓето кои живеат во регионот и кои сега може да патуваат од Охрид директно до Истанбул и пошироко, како и одлична можност за турските граѓани, кои ќе може да откријат нова атрактивна дестинација за одмор – потенцира генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт.  

Тој потсетува дека на 2 март, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше пречекана новата авиокомпанија „Transavia“, која започна да лета од/до Амстердам. „Transavia“, според него, е важна затоа што е дел од групата „KLM Air France“ и ќе лета до аеродромот „Шипхол“, кој е главен авијациски центар во Холандија.  

Со летниот ред на летање, кој е на сила од 30 март (вчера), на Меѓународниот аеродром во Скопје, во летната сезона ќе има 47 дестинации управувани од 16 авиокомпании, без чартер-летовите. Од Охридскиот аеродром, во текот на летната сезона и на летниот ред на летање во 2025 година, ќе има седум редовни лета со шест авиокомпании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството станува заменлива професија, вештачката интелигенција го менува светот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16/06/2026
Македонија

Околу 60 матуранти фатени како препишувале на државната матура

16/06/2026
Македонија

НОВА ЕРА ВО ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТО: Граѓаните сами ќе одлучуваат, нивната желба

16/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на власт малку прават!

16/06/2026

Политичките пораки за Европската унија често не се претвораат во конкретни политики, смета политичкиот аналитичар Сашо Ордановски. Во разговор за

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај нас проблемот е поголем

16/06/2026

Кризата во новинарството не е само македонски проблем, туку глобален тренд, смета Сашо Ордановски, кој предупредува дека намалувањето на интересот

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот во општеството расте

16/06/2026

Новинарството треба да има улога на коректив во општеството, но зголемениот социјален цинизам и падот на интересот за јавни теми

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy