Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ШТО СЕ КРИЕ ТАЈНАТА – како успеа „Фершпед“ да го зголеми чистиот профит за 34 отсто со пониски оперативни приходи
Економија

ВО ШТО СЕ КРИЕ ТАЈНАТА – како успеа „Фершпед“ да го зголеми чистиот профит за 34 отсто со пониски оперативни приходи

01/11/2023

AA

Намалени оперативни приходи, а зголемена добивка. Шпедитерската компанија
„Фершепд“ го објави финансискиот резултат за првите девет месеци од годинава,
кој говори дека во таа временска отсечка компанијата остварила профит од 1,6
милиони евра, што е зголемување за 34 отсто во однос на истиот период лани.

Имено, Билансот на успех на таа компанија говори дека оперативните приходи
се малку намалени во однос на истиот период лани, исто како и оперативните
расходи, но добивката е значајно зголемена, за повеќе од една третина.

Во што се крие тајната, открива Билансот на успех кој компанијата го има
испратено до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Имено, во првите три квартали од годинава „Фершепд“ има остварено
оперативни приходи на сума од близу 55 милиони евра или прецизно 54,8 милиони
евра. Во однос на истиот период лани тоа е намалување за 3 проценти, што значи
само мало снижување на оперативната приходна страна, која всушност го покажува
движењето кај основната дејност од работењето.

Најголем дел од приходите се приходи од продажба, од што се инкасирани 54,5
милиони евра што е намналување за 4 отсто.

Приходите од продажба на домашниот пазар на компанијата и донеле 53,3
милиони евра, што е намалување за два отсто во однос на ланските девет месеци.

А, значаен пад има кај приходите од продажба на странскиот пазар, кои и
онака се многу пониски и во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 1,2
милиони евра, што во однос на истиот период лани значи преполовување, или
намалување за 43 проценти.

Останатите оперативни приходи опфаќаат многу мал дел, или 334 илјади евра,
но кај нив има огромен пораст од над 200 проценти.

Оперативните расходи на „Фершпед“ се пак, исто така намалени, за 4
проценти, а биле на ниво од 53,2 милиони евра.

Трошоците за вработените се зголемени за 4 отсто, а останатите приходи од
работењето за 47 проценти.

Или, оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2023 година
изнесува 1,63 милиони евра, што е зголемување за 26 отсто во однос на добивката во 2022 година истиот период.

Финансиските приходи на компанијата се многу ниски, 99 илјади евра, но
бивниот пораст во однос на лани е за 77 отсто, додека, пак, финансиските
расходи се намаленио за 76 проценти.

Сето тоа резултирало со нето добивка од 1,6 милиони евра, што е
зголемувањее за 34 проценти во однос на истиот период лани.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy