Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАКСТИЛ“ Е КОМПАНИЈАТА КОЈА ПЛАТИ СОЛИДАРЕН ДАНОК ОД 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА, ОКТА ДАДЕ 813 ИЛЈАДИ – ќе ги објават ли своите суми и другите фирми
Економија

„МАКСТИЛ“ Е КОМПАНИЈАТА КОЈА ПЛАТИ СОЛИДАРЕН ДАНОК ОД 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА, ОКТА ДАДЕ 813 ИЛЈАДИ – ќе ги објават ли своите суми и другите фирми

01/11/2023

AA

Челичарската компанија „Макстил“ е всушност фирмата која платила највисок солидарен данок оваа година, односно 4,2 милиони евра.

Тоа го објави самата компанија преку Македонската берза, во образложението за остварениот финансиски резултат за првите девет месеци од оваа година, и тоа всушност го наведе како причина за намалената добивка.  

„Добивката пред оданочување во извештајниот период е 69 милиони денари и е
значително пониска од остварената во истиот период од 2022, додека нето
добивката изнесува 56 милиони денари, значително пониска од остварената во
истиот период во минатата година. Намалувањето на добивката во голема мера
се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во износ
од 257 милиони денари (4,18 милиони евра -н.з.), којшто беше пресметан во септември 2023 и кој не
произлегува од оперативното работење на компанијата. Дополнително,
намалувањето на добивката во текот на овој пресметковен период во однос на
остварената во текот на истиот период од минатата година се должи и на
пониските продажни цени на готовиот производ.
Во последниот квартал од годинава не се очекуваат позначајни промени во
делот на продажните цени и трошоците за производство“, се вели во образложението од „Макстил“ испратено до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

„Макстил“ минатата година имаше значаен раст на добивката во однос на просекот од претходните години, а што беше главниот услов во одредувањето за тоа кој ќе го плати солидарниот данок.

 Имено, како што објави Фактор, оваа компанија лани оствари профит од 17,5 милиони евра. 

Всушност, челичарскиот гигант „Мкстил“ лани го освои седмото место според профитабилноста. Таа компанија која минатата година успешно се справи со значајно повисоките трошоци на работење, остварувајќи чиста добивка од дури 1,1 милијарди денари или 17,5 милион евра. „Макстил“ за лани го има еден од најсилните порасти н добивката, бидејќи таа е зголемена за дури 27 проценти во однос на една година претходно.

Вчера и рафинеријата ОКТА објави дека платила солидарен данок од 813 илјади евра. 

Оваа информација исто така беше наведена во образложението на финансискиот резултат, како една од причините за намалената добивка за третиот квартал од годинва.

„Во деветте месеци од 2023 година, ЕБИТДА изнесува 615 милиони денари, и
е пониска за 41 отсто споредено со истиот период минатата година, а добивката пред оданочување
достигна 349 милиони денари, и е намалена за 59 отсто споредено со истиот период лани.
Пониската профитабилност главно го одразува ефектот од повисокото вреднување на залихите
во висина од 512 милиони денари, што позитивно влијаеше врз резултатите од деветте месеци
во 2022 година. Прилагодената ЕБИТДА се зголеми за 18 отсто споредено со истиот период
минатата година, достигнувајќи 620 милиони денари.
Финансиските резултати за третиот квартал од 2023 година вклучуваат и 50 милиони денари *813 илјади евра -н.з,) данок на солидарност, согласно со одлуката на Собранието донесена на 25 септември 2023
година“, се вели во образложението од ОКТА.

Директорката ан УЈП, Сања Лукаревска, вчера соопшти дека највисоката сума солидарен данок пак, што ја платила само една компанија е 4,2 милиони евра, а најниската 640 евра од мала фирма.

Лукаревска, како одговор на новинарско прашање рече дека на 24 ноември ќе им бидат блокирани сметките на компаниите кои дотогаш не го платиле данокот на солидарност, кој оваа година беше воведен како еднократен и кризен.

„Согласно нашиот календар, на 6 ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа нема направено уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки“, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП нагласи дека една компанија може да го одложи плаќањето до крајот на годината, но со банкарска гаранција или со залог на движен и недвижен имот

До сега се собрани 2,21 милијарди денари од данокот на солидарност, или околу 36 милиони евра, но 50-тина компании, од вкупно 150 обврзници, се уште го немаат подмирено

Лукаревска додаде дека меѓу оние кои немаат платено има и јавни претпријатија.

Кога Владата најави дека ќе го воведе солидарниот данок, тоа беше причина за жестока реакција од компаниите, кои наведоа дека тој не е праведен, па затоа и го оспорија пред Уставниот суд, кој, пак, отвори предмет по ова прашање.

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy