
Во шест месеци Изет Меџити само еднаш се појавил на собраниска седница
Неверојатни 88 пати отсуствувал и само еднаш присуствувал во работата на Собранието. Ова се податоци за пратеникот Изет Меџити кои денеска ги објави Собранието.
Сите 88 отсуства на Изет Меџити се оправдани.
Меѓу најредовните пратеници без отсуства се: Горан Мисовски, Љупчо Пренџов, Бојан Стојаноски, Мартин Костовски, Мирослав Јовановиќ, Драган Ковачки, Емилија Рамбабова, Ангелинка Петкова, Дајанчо Ефтимов, Драгица Ѓавочанова, Јадранка Поцкова, Коле Чаракчиев, Лолита Ристова, Павле Трајанов, Талат Џафери, Александар Велјановски, Драгољуб Филиповски, Фаница Николоска.