Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иновации во Asset Management индустријата: Како ВФП Фонд Менаџмент стана најголем управувач со средства во отворени инвестициски фондови во Македонија
Економија

Иновации во Asset Management индустријата: Како ВФП Фонд Менаџмент стана најголем управувач со средства во отворени инвестициски фондови во Македонија

17/01/2024

AA

Иновациите во индустријата за управување со средства играат критична
улога во одржувањето на конкурентноста и одговорноста на овој брзорастечки сектор на
финансиите. Со непрекинатиот напредок во технологијата, промените во глобалните
економски услови и еволуцијата на инвеститорските потреби, иновациите се
трансформативна сила која овозможува управувачите со средства да создадат
вредност, да управуваат со ризици и да го оптимизираат перформансот на
портфолијата.

ВФП Фонд Менаџмент е лидер во
индустријата мерено по средствата со кои управуваат, поставувајќи стандарди во
иновации, одржливост и клиентско искуство. Андријана Поповска е извршен
директор во ВФП Фонд Менаџмент и со оглед на нејзиното длабоко разбирање на
пазарот и исклучителниот успех, таа ни одговара на следните прашања:

Кои стратегии и пристапи сметате дека беа клучни за
постигнувањето на таков статус во индустријата?

Сметам дека нашиот
успех може значително да се припише на нашата способност за непрекинато
иновирање и предлагање на нови, висококвалитетни производи. Би издвоила само
дел од низата на иновации, кои како Групација сметаме дека се клучни за
постигнување на лидерска позиција во индустријата.

Имено, следејќи ги
трендовите на развиените земји, дополнително поттикнати од деловното
опкружување на ниски каматни стапки, а со цел задоволување на желбите и
потребите на потенцијалните осигуреници, ВФП Фонд Менаџмент во стратешка
соработка со Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп АД Скопје за прв пат во 2015
година на македонскиот пазар го пласира UNIT-LINKED продуктот
– Осигурување
на живот каде штедниот дел е инвестиран во удели во инвестициските фондови под
управување на Друштвото. Успеавме да ја придобиеме довербата и да создадеме заеднички продукт со
уште три многу успешни осигурителни компании, со што станaвме неприкосновен
лидер по средства под управување од UNIT-LINKED продукти.

Нашето Друштво е
меѓу првите на пазарот што се занимаваат со услугата Индивидуално портфолио,
продукт наменет зависокоимотни инвеститори. Оваа услуга опфаќа водење на портфолио
специјално креирано да одговара на желбите и потребите на самите инвеститори. Инвеститорот
преку одговарање на Прашалник дозволува да го определиме неговиот инвестициски
профил и да ја квантифицираме толеранцијата кон ризик, како и инвестицискиот
хоризонт кој го има, се со цел предлагање на портфолио кое најдобро го
рефлектира неговиот инвестициски профил. Преку квалитетот на услугата која ја
нудиме за кратко време успеавме да ја придобиеме довербата на околу 100 фамилии
од државата кои инвестираа повеќе од 45 милиони евра.

Посветени на
развојот и имплементацијата на иновативни инвестициски стратегии кои одговараат
на динамичните потреби на нашите клиенти, во 2021 година го основавме ВФП
ДИВИДЕНДА
Акции – првиот дивиденден акциски инвестициски фонд во Македонија којнаплатената дивиденда од компаниите дел од портфолиото на
фондот, ја дистрибуира до своите  инвеститорите. Иако фондовите со исплата на
дивиденда се веќе долго време присутни во развиените земји, до овој момент не
постоеше таков тип на фонд, иако македонските граѓани се научени на примање
пасивни приливи како камата, рента, дивиденда и сл. Тоа беше и причината зошто
овој фонд, за период од нецели три години успеа да придобие повеќе од 7 милиони евра средства
под управување.

Одговорот на ова
прашање би бил непотполен ако не го споменеме нашиот ВФП Јуниор
инвестицискиот клуб
– првиот и единствен клуб за млади инвеститори до 18
години
во регионот е уште една од иновативностите која ВФП Фонд Менаџмент
ја донесе на пазарот.

Преку уплаќање во
ВФП Премиум Акции младите инвеститори стануваат дел од овој клуб. Членувањето
во овој клуб на младите инвеститори им овозможува развивање на претприемачки
дух, бизнис и инвеститорски mindset (рано запознавање и справување со
ризикот/профитот) преку финансиска едукација организирана од нашето Друштво,
истовремено нудејќи им можност да создадат капитал и да ја осигурат нивната
иднина преку вложување во мултинационални компании од најразвиените економии во
светот.

ВФП Јуниор
инвестицискиот клуб, поради неговата уникатност и бенефитите кои истиот ги
нуди, брои повеќе од 2.500 млади инвеститори. ВФП Јуниор инвестицискиот фонд е
пример за тоа како инвестирањето во иднината на младите и друштвената
одговорност можат да одат рака од рака во создавањето на постојан и одржлив раст
на долг рок.

*Андријана Поповска – Извршен
директор на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

На пазарот сте препознатливи по ВФП Премиум Акции и би
рекле дека овој фонд е знаменосец на Вашиот бренд, што несомнено претставува
значително достигнување. Кои беа клучните фактори или одлуки кои Ви овозможија
да се истакнете и денес да управувате со најголемиот акциски инвестициски фонд
во регионот?

Инвестициската
политика на управување на средствата на ВФП Премиум Акциии фокус на долгорочно
создавање додадена вредност за нашите инвеститори, преку бирање на квалитетни
бизниси чии производи и услуги се дел од нашето секојдневие и континуирано го
дефинираат и напредуваат светоте белег на овој фонд. Дисциплинираното вложување
на средствата без непотребен ,,market
timing” и обиди да се погоди врвот, односно дното на
берзите е нешто што не истакнува и за што веруваме дека вроди со плод и
истакнат резултат за нашите инвеститори.

Како компанија сме
посебно горди на перформансите на акциските фондови и приносот кој успеавме да
го испорачаме до нашите инвеститори. Веројатно е дека тоа е една од причините
за несебичната доверба укажана од страна на инвеститорите, што направи ВФП
Премиум Акции со своите 52 милиони евра средства под управување и 6.000 клиенти
да е најголемиот инвестициски фонд во земјава.

Користејќи ја моќта
на конзистентност во уплатите, инвеститор кој уплаќал редовно на првиот ден од
секој месец од 2015 година до сега во ВФП Премиум Акции, остварил просечен
годишен принос од 7,6%
, согласно цената на уделот на фондот од 25.12.2023.
Би сакале да истакнеме дека овој принос не претставува гаранција за идниот
очекуван принос на фондот, но сметаме дека е добар показател за успешноста во
управување со средствата во изминатите години и за додадената вредност кон
исполнување на Вашите долгорочни финансиски цели.

Kако планирате да ја
одржите оваа позиција во иднина во континуирано менувачкото финансиско опкружување
?

За да ја одржиме
нашата водечка позиција во ова динамично финансиско опкружување, ние во ВФП
Фонд Менаџмент активно работиме на развојот на иновативни решенија кои ќе го
трансформираат искуството на нашите клиенти. Еден од најзначајните проекти во
оваа смисла е развојот на мобилна апликација на која работиме, дизајнирана да
го револуционира начинот на кој инвеститорите пристапуваат и управуваат со
своите инвестиции.

Таа не само што ќе
ги задоволи современите очекувања на клиентите за дигитално искуство, туку исто
така ќе ни овозможи да бидеме поблиску до нашите клиенти, разбирајќи ги нивните
потреби и реагирајќи соодветно на нив.

Фондовите под
управување на нашето Друштво се управувани од искусни познавачи од областа на
пазарите на капитал со воспоставени аналитички процеси со кои се овозможува
дневна грижа, за да се понудат квалитетни решенија во секој момент. Со ова на
клиентите им овозможуваме бројни можности и широка палета за избор на
инвестиција која најдобро одговара на потребите, очекувањата и нивниот
инвестицискиот профил.

Политиката на
менаџирање со човечки ресурси на ВФП Фонд Менаџмент и понатаму ќе биде насочена
кон континуирано вложување во надоградување и професионален и личен развој на
нашиот тим, што веруваме дека на долг рок ќе се одрази со директен бенефит на
нашите клиенти. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска

01/05/2026

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

01/05/2026

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy