
Во сабота „Марш на ангелите“ во Кочани – јасен и масовен повик за вистинска правда!
Граѓаните на Кочани се организираат на масовен собир под мотото „Марш на ангелите“, како реакција на постапките поведени против млади лица по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ од март 2025 година.
Маршот е закажан за во сабота, 24.01.2026 година, во 14:05 часот.
Локацијата е Паркот на револуцијата – Кочани.
Организаторите на маршот јавно реагираат на префрлањето на вината врз младите кои самите биле изложени на опасност за време на трагедијата.
Според нив, фокусот на истрагата неоправдано се насочува кон жртвите, наместо кон институционалните пропусти и коруптивната заштита што овозможила објектот да работи без безбедносни стандарди.
Затоа тие бараат:
Се повикуваат семејствата на загинатите, повредените и сите совесни граѓани да се приклучат и заедно да упатат јасен и достоинствен повик за вистинска правда.
