Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила
Магазин

Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила

09/04/2025

AA

По навика купиле луксузно општинско возило, затоа што и претходните биле скапи. Ова е оправдувањето на сведоците на одбраната на струшкиот градоначалник Meрко, на денешното рочиште за набавката на четирите општински возила, меѓу кои и  луксузното „Ауди А6“ од 66 илјади евра. Бил избран најповолниот понудувач, а биле купени 3 возила „шкода“ и луксузното „ауди“. И возилата од претходниот возен парк на општината биле „ауди“ и „мерцедес“ со висока вредност.

Сведоците, претседател и заменик претседател на Комисијата за јавни набавки, која во 2019 година го спроведе тендерот,  пред судот изјавија дека набавката е спроведена законски, по Одлука на општинскиот Совет.Сведочеше и поранешен ревизор од Државниот завод за ревизија,а  сега пензионерка, Лилјана Стојановска, која укажа дека сметката на општината била блокиран, а судот определил минимум средства за нејзино функционирање. Но, претседателот на Основниот суд во Струга во ноември 2017 го променил решението и го зголемил месечниот лимит  од над 50 милини денари, со што се надминал вкупниот годишен буџет на општината.

Судијата кажа дека веќе се изведени сите докази, а пресуда се очекува до летото.

На главниот претрес за предметот, пак, во кој Мерко е обвинет за поттикнување на етничка омраза и раздор кај граѓаните, затоа што лани на општнската зграда постави спомен плоча на албански јазик, со која се велича фашистичката окупација на Струга, беа сослушани тројца сведови. Инспектор од Министерствиото за култура кажа дека бил спроведен вонреден надзор и е констатирано дека плочата е незаконски поставена, за што Мерко бил прекршочно казнет. Сведочеа и двајца членови на општинскиот Совет, кај кои вознемирените граѓани го пријавиле поставувањето на спомен плочата.

За утре се закажани 3 судења против Мерко за предмети за незаконско поставување на директори во струшките училишта.Против него се поднесени вкупно 9 обвиненија, за кои има активни судски постапки, а во секоја му се заканува и затворска казна, но до денес нема ниту една пресуда.

Тој е и на црната листа на САД од 2023 година, поради вмешаност во корупција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy