Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ЈАВЕН СЕКТОР – Еве што вели Битиќи за договорот за платите
Економија

ВО НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ЈАВЕН СЕКТОР – Еве што вели Битиќи за договорот за платите

14/07/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи во гостување на ТВ Канал 5,  вечерва потенцираше дека државата 18 години не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор и оти сега првпат има системско решение и методологија за нивна пресметка.

– Има еден друг факт, таа Влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со Општиот колективен договор, има направено платите во јавниот сектор да се регулираат преку 200 правни закони или подзаконски акти. Во јавен сектор во кој секоја трета институција има различен начин на дефинирање на плати. Ние стигнавме првпат во историјата на Република Северна Македонија од независноста да имаме системско решение за платите во јавниот сектор, методологија како ќе се пресметуваат и  како ќе растат секоја година почнувајќи од 2025,  почнувајќи од септември 2023 – рече Битиќи.

Секој вработен во јавен сектор, дополни тој, ќе знае точно што е очекувањето по однос на платата и кој е максимумот што може да го постигне, дури и помладиот референт кој ќе почне ќе знае која е основата и кај може да стигне како помлад референт,  ако напредува во кариерата кој е максимумот што може да го постигне. Знам дека имаше реакции дека тоа не ги следи и ќе бидат пониски платите отколку во приватниот сектор. Тоа е логиката. Никаде во ниедна земја немате повисоки плати во јавниот сектор од приватниот сектор, рече Битиќи. 

Тој се осврна и на барањата на Синдикатот на вработените во обарзованието, науката и културата, за дополнително зголемување на платите покрај договорените 10 проценти и истакна дека вработените кои се членови на СОНК ќе добијат зголемување во септември, но и дека од 2016 година досега 2023, нето платата на наставник  во основно образование  е зголемена за 44 посто, а на професор во средно  образование за 42 посто.

– Еден од факторите од  2016 до 2023, стапката на инфлација збирно секако не надминува 18 проценти. Нивните плати се зголемени 44 посто.  И затоа решението со Општиот колективен договор што го постигнавме  мислам дека сите треба да го прифатиме. Дали може да се направи повеќе, да, но за тоа треба да бидат сите спремни. Јас немам никаков проблем пак да седнеме со синдикатите, но ќе видиме каде бевме во 2016, или кај сме биле во 2000 година да зборуваме за други квалитативни работи. И јас само едно прашање и кон СОНК и кон сите други, затоа што пружената рака за решавање на проблемот за потпишување на Општиот колективен договор исто така не повикува кон сите други граѓани. Во јавниот сектор се околу 130 илјади. Кај се другите вработени во другите сектори и кај се реално сите граѓани коишто  се опслужуваат од овие луѓе коишто работат во јавниот сектор – рече Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy