Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Мексико е отворена изложба на која модерната уметност им е достапна на кучињата
Македонија

Во Мексико е отворена изложба на која модерната уметност им е достапна на кучињата

26/10/2023

AA

Кучињата и нивниот посебен однос со луѓето ги инспирирале уметниците илјадници години. Сега музејот Тамајо во главниот град на Мексико подготви изложба на дела од современа уметност кои се наменети и за луѓето и за нивните крзнени пријатели, пренесува Ројтерс.

Кустосот Лоренца Ерасти објасни дека изложбата е избор на дела од колекцијата на музејот и е дизајнирана да им овозможи на кучињата и нивните сопственици да можат заедно да ги истражуваат делата.

„Разбирањето на изложбата се заснова на емоции“, рече таа и додаде: „Приврзаноста што постои помеѓу сопственикот и нивното куче е секогаш тука, и затоа му даваме изложбен простор“.

Втората изложба #ArteyPerros, или „Уметност и кучиња“ опфаќа дела од Харис Епаминондас, Макс Ернст, Матијас Гериц, Пјер Јуиг, Ден Во и Марио Гарсија Торес, како и поема од Луис Фелипе Фабре.

Мила Коен, шестоодделенка која ја посети изложбата, рече дека ја цени идејата да дојде со нејзиното куче Сакура. „Сакам да го носам моето куче насекаде“, рече таа пред уметничкото дело на Макс Ернст. Други се согласија и посакаа уште такви искуства.

„Би било неверојатно доколку има повеќе вакви уметнички простори каде би можеле да поминуваме време со нашите кучиња“, вели Ману Ечеверрија, фотограф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy