Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески
Македонија

Во Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески

25/01/2025

AA

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него. Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.

Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, а во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, бројни делегации и фанови ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Во Крушево ќе присуствува и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој откако ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, ќе го посети и Спомен домот на Тоше.

Напладне во Спомен домот на Тоше, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун“ ќе изведат негови песни, а ќе настапат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Бугарија, под раководство на Аделина Колева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026

Зајакнувањето на безбедноста во казнено-поправните установи и спречувањето на влијанието на организираниот криминал се меѓу клучните цели на реформата на

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја очекува Македонија денеска, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи. Според метеоалармот

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што го градиме

02/09/2026

По повеќегодишните најави за воведување железнички превоз во рамките на градскиот транспорт, Скопје и официјално го доби „Градскиот воз“. Првата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy