Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Kривичен завршни зборови на одбраната во „Ласкарци“
Магазин

Во Kривичен завршни зборови на одбраната во „Ласкарци“

21/12/2023

AA

 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови на обвинетите во случајот „Ласкарци“. Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули.

На денешната расправа е предвидено завршни зборови да даде одбраната на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и одбраната на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски во завршните зборови на минатата расправа побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Тој истакна дека изведените докази во текот на расправата, надвор од разумен сомнеж покажуваат дека дејствијата на сите обвинети се во директна врска со последицата која резултираше со 16 лица кои загинаа.

– Постои цел корпус на безбедносни задолженија и обврски кои овие обвинети во континуитет не ги почитувале. Останува само овие пропусти да бидат казнети, рече тој.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.

Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови наведоа дека во постапката не се долажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ , Дурмиш Белули, во чиј автобус во незгодата што се случи во февруари 2019 година загина 16 лица, а над 30 беа повредени.

Адвокатот Дељо Кадиев, во завршниот збор наведе дека гледано од самиот почеток на овој предмет, сѐ до неговиот крај, станува збор за обвинение кое тешко може да го понесе товарот на докажување.  

– Обвинение кое оди во крајност и сакаше вината да ја најде и кај возачот и кај други лица кои требало да обезбедат исправност на автобусот. Обвинение, кое уште на самиот почеток беше невозможно целосно да се докаже, бидејќи е логично ако возачот е крив или несреќата настанала како резултат на негово невнимание, никој друг не треба да биде крив. Или, пак, ако несреќата е резултат на неисправност на автобусот, тогаш барем возачот не требало да биде обвинет, изјави Кадиев.  

Според адвокатот Лавдрим Сефери, исто така бранител на првообвинетиот, јавното обвинителство не докажало што точно се случило на денот на несреќата. 

– Не знаеме што се случи поради едноставна причина, тој што беше задолжен сите овие патници да ги однесе кај своите семејства во Гостивар, процени дека неговата слобода е поважна од останатите загинати и повредни патници и одлучи да се брани со молчење, рече тој.

Обвинетиот Дурмиш Белули во завршниот збор изрази сочувство на семејствата на загинатите и истакна дека жали за тоа што се случи.

– Мојот живот веќе нема смисла, јас сум душевно скршен и потресен затоа што болката  е многу голема. Од судбината бегање нема, се случи несреќа, трагедија, рече тој.

Белули посочи дека е заинтересиран која била причината за несреќата и го повика шестообвинетиот, возач на автобусот, кој се брани со молчење да излезе, и, како што рече „да ја каже вистината“.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години. 

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник и двајца малолетници, возачот без

11/04/2026

Полицијата приведе тројца млади лица откако во автомобил на локалниот пат кон Камењане било пронајдено повредено куче, за кое постои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy