Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Дедо Мраз пристигна со хеликоптер во Скопје
Македонија

ФОТО Дедо Мраз пристигна со хеликоптер во Скопје

21/12/2023

AA

Денеска, (21.12.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ присуствуваа на предновогодишна дружба со децата штитеници на јавните установи „25 Мај” и „11 Октомври”.

Станува збор за традиционално предновогодишно дружење со припадниците на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО), и тоа со  припадниците на Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за обука и поддршка – посебна единица за поддршка. Во кругот на Полицискиот центар најнапред беа приредени забавни активности за децата  од страна на припадниците на ОСПО, при што им беа презентирани полициските возила и опремата кои ги користат во секојдневното работење. Припадниците ја исполнија и својата долгогодишна традиција на хуманост на дело, со тоа што ги израдуваа децата топла облека и со кондиторски производи од нивната маренда со лично издвоени средства. Детската радост беше најголема во  моментот на  слетување  на хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици на МВР со кој пристигна  Дедо Мраз и се спушти по јаже за да им подели пригодни подароци на децата штитеници од ЈУ „25 Мај” и „11 Октомври”.
Од страна на министерот Спасовски на децата од јавните установи им беа подарени зимски обувки за секое дете, од донираните дневници од службените патувања на министерот Спасовски.

Посакувајќи им добредојде на децата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, Спасовски се обрати пред нив, истакнувајќи дека тука е со нив, не само како министер за внатрешни работи, туку и како човек кој искрено сака да го поддржи светот на младите, нивните желби, визии и идеали. Притоа, тој им порача секогаш да ги следат вредностите кои ги поседува еден полициски службеник.

„Да се биде на браникот на државата, дел од безбедносниот систем, да се биде во функција на заштита на интересите на граѓаните, треба пред сѐ да ги споделувате врвните човечки особеност – солидарност, емпатија, хуманост, храброст и подготвеност да се даде и највредното за заштита на колективното добро”, рече Спасовски, истакнувајќи ја грижата која ја покажуваат припадниците на полицијата.

„Грижата којашто ја демонстрираат моите колеги секоја година, па и денеска, заедно со министерката Тренчевска, нека ви биде убав пример за меѓучовечката љубов и поддршка на вашиот пат низ животот, за тоа дека треба и вие да покажувате грижа и солидарност еден кон друг, бидејќи само така ќе се изградите во личности кои можат да придонесат кон подобро општество за сите. Ние како Министерство за внатрешни работи сме секогаш тука за вас, за вашите потреби. Сакам да ви кажам дека не сте сами, ние сме тука за да ве слушнеме, да ве поддржиме и да ви помогнеме да градите светла иднина. Секој еден од вас за нас е важен!”, рече Спасовски на крајот од своето обраќање пред децата. Притоа тој упати важна порака до нив:

„И на крајот, би сакал да ви спомнам уште нешто, за кое сум уверен дека го знаете, но ете, предновогодишно да се потсетиме. Употребата на петарди воопшто не е „кул“, што би рекле вие младите, туку е исклучително опасна, за вашиот живот и здравјето, остава екстремно тешки последици кои можат да ви го запечатат животот, а користењето на петарди е строго забрането. Нема никакво задоволство во тоа да нарушите нечие здравје, или да преплашите животно, за кое последиците од гласните звуци можат да бидат фатални”, порача Спасовски на децата штитеници од ЈУ„25 Мај” и „11 Октомври, честитајќи им  ја Новата 2024 година и посакувајќи им безбедни и мирни празнични денови и исполнување на најубавите нивни желби.

Од страна на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, уште еднаш беше потврдена заложбата на МТСП за обезбедување топол дом, поддршка и разбирање за децата-штитеници.

„Министерството за труд и социјална заштита процесот на деинстуционализација го води гордо и непоколебливо токму поради вас, поради мирот и спокојот, но и поради овозможувањето топол дом, поддршка  и разбирање за сите.
Вашиот напредок, успех, вашите желби и стремежи се патоказ на развојот на нашиот систем. Вложувањето во секој од вас, во кадарот кој е ваша поддршка , грижа и насочувач убедена сум дека се вложување во нашата иднина, во генерациите кои ќе се грижат за нас, за нашата држава и ќе бидат носители на идни промени.
И кога се очекува да Ви посакам здравје, насмевки, спокој и петки, јас сакам да Ви посакам да се огледате на секој од претставниците на Министерството за внатрешни , кои од година во година стануваат ваши другари. Нивната чесност, издржливост, верност на државата, редот кој ги води, законите кои ги почитуваат и мирот кој им го обезбедуваат на сите нека ви биде насока на секој следен чекор. Да бидете чесни, достоинствени и вредни, и со својата енергија, младост и љубопитност да давате и вие љубов и поддршка на сите оние на кои им треба тоа”, рече министерката Тренчевска, при што на децата штитеници им ги честиташе претстојните празници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy