Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Магазин

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

07/03/2025

AA

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако во Основниот Кривичен суд Скопје на минатото рочиште беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште закажано за 12 март е предвидено да започне распитот на обвинетите.

Во Кривичен на изминатото рочиште беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес вршеле потрага по исчезнатиот Жежовски, како и за претресот во домот на Боре Видевски каде што биле пронајдени ловечка пушка, патрони и куршуми девет милиметри за пиштол.

На судењето одбраната на Палевски презентираа материјални докази, вклучувајќи уплатница од банка од 27 ноември 2023 година со која тврдат дека во критичниот период Палевски не бил на местото на убиството на Вања Ѓорчевска.

Во продолжението на судењето Палевски достави листа на докази помеѓу кои побара да бида прикажано видео од Сејф сити каде што, според посоченото, се гледа дека возилото Рено кангу во 00:15 часот помеѓу 21 и 22 ноември е во центарот на Скопје а не кај Велибор пред врата, како што дополни.

Дополнително, тој побара појаснување на која околност се вештачел телефонот на Жежовски, како и возилото Рено Кангу.

Судот потоа одлучи да ја одложи расправата за денеска, кога ќе се произнесат по однос на материјалните докази, а потоа, на следните расправи закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март, како што информираше судијата Ивица Стефановски, ќе се прави распит на обвинетите со редослед Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот

04/02/2026
Македонија

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026
Македонија

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по

04/02/2026
Македонија

Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со

04/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа

04/02/2026
Македонија

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026
Македонија

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентарот во Грција

04/02/2026
Македонија

ВИДЕО Нов ЛЕД екран на стадионите – ФФМ го подигнува

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот комплекс ОХИС

04/02/2026

И покрај молкот и минималните информации што институциите ги пласираат во јавноста околу случајот со запленетата марихуана во Србија и

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026

Во доцните вечерни часови, според неофицијални информации, безбедносните служби спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, додека

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по средбата со Вајц

04/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, на која било

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy