
Не ги почитувале владините мерки – затворени маркети, аптеки…
Непочитувањето на владините мерки за замрзнување на маржите предизвика затворање на осум правни субјекти.
Според, директорот на Државен пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски се работи за три маркети, аптека и тројца големи увозници на овошје и на зеленчук кои се затворени на 15 дена.
„Исто така се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи марките. Инспекторите постојано се на терен, и ќе продолжиме да спроведуваме контроли“, рече Стојкоски, кој кажа дека негова генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.