Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО КОИ ДРУГИ СЛУЧАИ СУДЕЛ СУДИЈАТА РИСТОВ, КОЈ СОЅИДА 350 ЕВРА? Вреди бара целосни и независни истраги за корупција во судството
Македонија

ВО КОИ ДРУГИ СЛУЧАИ СУДЕЛ СУДИЈАТА РИСТОВ, КОЈ СОЅИДА 350 ЕВРА? Вреди бара целосни и независни истраги за корупција во судството

20/01/2026

AA

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал, туку е вест која ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем – оцени Движењето Вреди на денешната прес-конференцијата одржана од портпаролот Дритон Сулејмани.

– Вреди е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот дека Ѓоко Ристов не е непознато име за правдата. Напротив. Тој, заедно со судијата Енвер Беџети, сега прогласен за персона нон-грата беа и дел од судските одлуки што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – рече Сулејмани.

Затоа, рече портпаролот Сулејмни, денес поставуваме неколку конкретни прашања:

– Во колку други случаи биле вклучени Ѓоко Ристов и Енвер Беџети?

– Во колку случаи биле дел од одлуки за притвор, финансиски гаранции или одложувања на постапките?

– Кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди и избегнување на одговорност за моќници?

– Главното прашање што останува е кој ги држел овие луѓе на овие позиции толку години и зошто?

– Вреди е свесна дека работата што претстои е огромна. Но, едно е нешто што не може да се преговара: целосни и независни истраги. Конкретна одговорност, со имиња и презимиња. И радикално чистење на систем скапан до срж – рече Дритон Сулејмани на пресконференцијата на Вреди.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy