
Во Газа се појавија летоци со застрашувачка порака, реагираше и Израел: „Сите што остануваат…“
Во саботата на социјалните мрежи се проширија фотографии од летоци на арапски, кои израелската армија им ги фрли од воздух на жителите на Газа.
На тие летоци имало застрашувачко предупредување, кое го објави и Би-Би-Си, кој пренесува дека содржеле порака дека секој што нема да се евакуира на југ може да се смета за соучесник на терористичката организација Хамас.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) сега објавија дека пораката е погрешно преведена.
„Преводот од арапски што сега се прошири на социјалните мрежи е непрецизен. Да појасниме, ИД нема намера да ги смета оние кои допрва треба да бидат евакуирани за членови на терористичка група“, рекоа тие во објавата на X, порано Твитер.
Исто така, израелските одбранбени сили уште еднаш ги повикаа граѓаните на Газа да се евакуираат на југот на Појасот Газа.
„Сите оние кои остануваат сами се загрозуваат со терористичките активности на Хамас во цивилните области“, се додава во публикацијата.
