
Во Франција напаѓач избодел со нож осум тригодишни деца, три од нив се во критична состојба
Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси, во југоисточна Франција, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Тој потврди дека полицијата го привела насилникот. Тој на Твитер објави дека се повредени осум деца, но АФП пренесува дека шест се повредени. Нападот се случил околу 9:45 часот.
“Видовме како лице напаѓа деца на игралиштето, мали деца. Откако луѓето се обидоа да го исплашат, тој се оддалечи и интервенираше полицијата. Зборуваше англиски. Прво мислевме дека тоа е некаква игра, но кога луѓето почнаа да викаат сфативме дека е сериозно“, изјави еден од сведоците.
ALERTE – Des enfants d’une école maternelle, âgés d’environ 3 ans, ont été attaqués au couteau par un individu au lac d’#Annecy. Au moins 7 blessés dont 6 enfants. L’homme a été maîtrisé. De nombreux secouristes, policiers et militaires sont sur place (Le Dauphiné). pic.twitter.com/iMcrSwJBgx
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) June 8, 2023
Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот, рече францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Француските медиуми јавуваат дека нападот се случил околу 9:45 часот по локално време. Три жртви се во критична состојба, пренесува AFP, повикувајќи се на „извор запознаен со случајот“.
Новинската агенција исто така јавува дека осомничениот, вооружен со нож, нападнал деца на возраст од околу три години во парк во близина на езеро во градот Анеси. Тој сега е приведен.
извор: Index.hr
фото: Twitter