Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел како менаџер за 2.783.867 денари!
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел како менаџер за 2.783.867 денари!

16/02/2026

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.

Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.

Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот се уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје памети – најголемата почит кон жртвите е да

26/07/2026
Македонија

Ако патувате за Грција, внимавајте: Границите утре ќе работат со

26/07/2026
Македонија

ФОТО Гори парк-шумата во Гази Баба, пожарникарите интервенираат на терен

26/07/2026
Македонија

Утре нестабилно време: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен

26/07/2026
Македонија

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026
Македонија

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44668
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички исправна

26/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во текот на утрешниот ден надлежните институции да потврдат дека водата за пиење во

Ѓорѓиевски: Скопје памети – најголемата почит кон жртвите е да изградиме град достоен за нивниот

26/07/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град, им оддаде почит

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy