Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец на четири нозе
Магазин

Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец на четири нозе

19/11/2024

AA

Необична приказна почнува со вистинска мистерија. Во градинка во југозападна Јапонија почнале да исчезнуваат детски чевли, а крадецот не оставил никакви траги.

Надлежните не можеле да разберат зошто зел единечни обувки, а не еден пар, па решиле да постават камери за надзор во ходниците.

Не чекале долго. Чевел исчезнал ноќта помеѓу 11 и 12 ноември. Тие веднаш ја прегледале снимката верувајќи дека крадецот е на неа.

На нивно изненадување, виновникот немал две, туку четири нозе, како и портокалово крзно и остри канџи!

Се утврдило дека во градинката упаднала ласица, а нејзината последна акција траела само 10 секунди, пренесува „Гардијан“.

Локалните медиуми јавуваат дека директорката на градинката повикала полиција на почетокот на ноември по исчезнувањето 15 чевли. Следниот ден украдени се уште три, а другите биле расфрлани на подот.

„Бевме многу загрижени, но ни олесна кога сфативме дека се работи за ласица“, велат вработените.

Професорот Хироши Сасаки од Универзитетот „Чикуши Јогакуен“ верува дека животното, најверојатно, имало потомство и користело чевли за да го обложи гнездото пред зимата.

Останува непознато каде се тие, а од градинката најавуваат дека сега како превентивна мерка ги покриваат полиците со чевли во ноќните часови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на

08/08/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy