
Во четврток нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена
облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=37°C. P=976hPa. U=23%. V=4m/s. UV index=9.
Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.