Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Битола одбележан 4 Ноември 1944 – Ден на ослободување на градот
Македонија

Во Битола одбележан 4 Ноември 1944 – Ден на ослободување на градот

05/11/2023

AA

Општина Битола со гости од државата и странство, синоќа со свечена академија го одбележа 4 Ноември, денот кога во 1944 година градот беше ослободен од фашистичка окупација.

Според востановената традиција, на свечената академија градоначалникот Тони Коњановски информира за постигнатите резултати на локалната самоуправа во изминатиот период, а комисијата за доделување на награди и признанија ги соопшти годинешните лауреати, меѓу кои и наградата за животно дело која му беше врачена на Димче Миновски (81 г.), новинар во пензија.

-Во текот на мојот живот имам добиено безброј награди и признанија, меѓутоа ова што вечерва ми се случува навистина е нешто што никогаш нема да го заборавам. Сите во животот правиме чекори, но во разни чевли. Но, покрај чекорењето, најважното е какви траги ќе оставиме зад себе, а јас мислам дека оставив зад себе некои траги со пишувањето на книгите и она што го имам сработено во работниот век и како пензионер. Сакам да им порачам на помладите колеги да пишуваат, но и останатите кои се доволно стручни во своите дејности. Наградата секако е поттик и мотивација за продолжување со работа, истакна Миновски, спортски новинар кој иако навлезен во деветтата деценија од живот, денес соработува со битолскиот портал Битолањус.

На синоќешната свеченост во Битола, годишни награди за постигнувања во струката добија Здружение на пијанисти и мизчки педагози „Пијано“, Јован Стефановски, научен работник, Гордана Такец, писателка, Фанче Јошевска, доктор на науки, и НУ Народен театар-Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy