
Во авионот имало индиски, британски, португалски, но и канадски државјани!
Со соопштение се огласи и DGCA, индискиот регулатор за воздухопловство, во кое се вели дека летот „се урнал веднаш по полетувањето од Ахмедабад“.
„Во авионот имало 242 лица, вклучувајќи двајца пилоти и 10 членови на екипажот (официјален претставник претходно изјави дека имало 244 лица во авионот) Капетанот имал 8.200 часа искуство во летање. Копилотот имал 1.100 часа искуство во летање. Авионот полетал од Ахмедабад во 13:39 часот IST од пистата 23. Дал аларм за опасност до контролата на летање, но потоа авионот не дал никаков одговор. По полетувањето, авионот се урнал надвор од периметарот на аеродромот“, велат тие.
Во авионот имало 53 британски државјани, 169 индиски државјани, 7 португалски државјани и еден канадски биле на летот што се упатувал кон аеродромот Гетвик, вели Ер Индија.
Авиокомпанијата вели дека повредените се однесени во најблиските болници.
