
Во авион на „Свис ер“ откриен куфер со радиоактивен материјал, патниците и работниците во изолација!
Куфер со радиоактивен материјал со „низок интензитет“ бил откриен на летот на Свис Ер по слетувањето во Барселона, додека патниците биле во него.
Авионот кој летал од Цирих за Барселона утринава слетал на аеродромот Ел Прат, југозападно од главниот град, јавуваат британските медиуми.
Во соопштението на социјалните мрежи, силите за цивилна одбрана на областа соопштија дека активирале „планови за вонредни состојби како одговор на предупредување за инцидент со пакет со ниско ниво на радиоактивен материјал транспортиран со авиони“.
Извори за весникот на Барселона „Насионал“ изјавиле дека пет работници биле префрлени во медицинскиот центар како „претпазливост“.
Изолирани се и неколку патници, пренесува Спутник.
