
Внуката на Доналд Трамп ги освојува социјалните мрежи, нејзината популарност вртоглаво расте
Внуката на Доналд Трамп, Каи Трамп (17), на социјалните мрежи забележала голем пораст на популарност откако нејзиниот дедо повторно беше избран за претседател. Пред победата на Доналд Трамп на претседателските избори 2024 година, неговата најстара внука имала само 63.000 претплатници на YouTube.
Каи Трамп сега има речиси 900.000 претплатници. Нејзиниот најнов влог, наречен „Мојот дедо повторно стана претседател“, собра 2.9 милиони прегледи. Популарна е и на TikTok, каде што има 2.6 милиони следбеници.
Каи започнала да објавува на YouTube пред само три месеци, кога го започнала својот канал со видео под наслов „Обичен ден во животот на Каи Трамп“. Од тогаш, на TikTok и YouTube покажува како зема нарачка во Starbucks, тренира во теретана, оди на шопинг, игра голф и се подготвува за училишниот бал.
Иако за време на првиот мандат на Трамп било познато дека има многу внуци, Каи не привлекла големо внимание до минатото лето кога говорела на Националната републиканска конвенција во Милвоки, Висконсин. Во говорот, фокусиран на нивниот личен однос, Каи го опишала Доналд како „само обичен дедо“. „Ни дава бонбони и сокови кога нашите родители не гледаат. Секогаш сака да знае како ни оди во училиштето“, рече Каи тогаш.
На својот YouTube канал, Каи го покажа и како изгледа внатрешноста на луксузниот авион на Трамп, познат како Trump Air Force One.
Внуката на американскиот претседател е снимена во авион додека патувала со нејзината пријателка Ема, таткото Доналд Трамп Јуниор и дедото во Браунсвил, Тексас, за да присуствуваат на лансирањето на неговата ракета SpaceX со Илон Маск.
Каи е ќерка на Доналд Трамп Џуниор. и неговата прва сопруга Ванеса Трамп. Таа е родена и израсната во Њујорк, каде и студирала. Нејзините родители се развеле кога таа имала 11 години. Каи Трамп ја споделува љубовта кон голфот со својот дедо. Таа се натпреварува и минатата година го освои клупскиот шампионат на теренот за голф Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.
