
ВНИМАВАЈТЕ: Повторно стигаат лажни пораки за наводни пратки – овој пат од ДХЛ
Граѓаните на Македонија денеска добија нови лажни пораки за наводна пратка.
Овој пат наместо Пошта Македонија, пораката е од групацијата DHL која обезбедува курир, испорака на пакети и брза пошта.
Во пораката се вели дека вашата нарачка не може да се испорача поради неплатени царински такси, а од вас се бара уплата за да се избегне одложувањето.
Апел до граѓаните да не наседнуваат повторно на ваквите пораки.