
Внимателно возете: Падна дрво на улица во Железара
Падна дрво на улица во скопската населба Железара, по што се создаде метеж од возила.
Се препорачува внимателно возење.
Попладнево од североисток кон Скопската Котлина се спушта нестабилна облачна маса, која ќе донесе пороен дожд, грмежи и изолирани појави на град. Во централните и југозападните делови атмосферата се стратифицира, па можни се слаби до умерени врнежи од дожд со ретка појава на грмежи, особено на планините.