
ВНИМАНИЕ! Нов фишинг напад, овој пат се претставуваат како да се од Електрани на Северна Македонија
Утрово на голем број е-маил адреси низ Македонија пристигна е-маил за кој се тврди дека е од Електрани на Северна Македонија. Но ако подобро се погледне, ќе се сфати дека станува збор за маил испратен од [email protected]
Искористена е е-маил адресата на Општина Вила Карлос Паз – Линиерс 50 (5152) – Вила Карлос Паз – Кордоба – Аргентина.
Во испратениот е-маил има и прилог со наслов: слика_Whatsapp_2025-03-13.img
(~196 KB)
Засега нема реакција од ЕСМ за овој фишинг.
