Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРГОВЦИТЕ СО ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА НА СВЕЖИТЕ ПРОДУКТИ – маржите за зеленчукот скоро 50 проценти, за овошјето малку пониски
Економија

ТРГОВЦИТЕ СО ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА НА СВЕЖИТЕ ПРОДУКТИ – маржите за зеленчукот скоро 50 проценти, за овошјето малку пониски

13/03/2025

AA

Просечната
малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај
зеленчукот 48,3 проценти,
утврдила анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс
тинк“.
Тие извршиле анализа на маржите на продуктите за изминатите десетина
години и утврдиле дека маржите повеќе се зголемувале до 2017-2018 година, по
што следува период на стагнација на маржата.

– Зголемување на маржите се бележи во првата половина на набљудуваниот
период, до 2017 година, потоа бележат намалување до 2021, по што тие се
задржуваат до 2024. Карактеристично е што низ целиот период, маржите на
зеленчукот се конзистентно над маржите на овошјето, што може да значи дека
зеленчукот има пофлексибилни или поисплатливи малопродажни услови. Зеленчукот
забележува и поголема хетерогеност на маржите во однос на овошјето скоро во
секоја од анализираните години. Ова може да укажува дека промените во цените
или добивката кај зеленчукот во 2024 година се посилни од оние кај овошјето, и
дека постои поголема разлика во однос на претходните години – се наведува во нивната анализа.

Аналитичарите
исто така утврдиле негативната корелација помеѓу
маржата и големопродажната цена, па така кога големопродажните цени на поскапите
овошја и зеленчуци растат, маржите на трговците се помали, односно се намалуваат. Ова, според аналитичарите на Институтот може да биде резултат на висока конкуренција или еластичност на
побарувачката, која ги принудува трговците да ги намалат маржите за да ја
задржат потрошувачката
.

– Трговците на зелените пазари
можеби ја прилагодуваат својата ценовна стратегија за да останат конкурентни,
без да го зголемуваат трошокот за потрошувачите, кога станува збор за поскапите
овошја и зеленчуци, како и за оние кои забележуваат раст во големопродажните
цени – се укажува во
анализата на „Фајненс тинк“.

Според нивното
истражување, пазарната моќ на малите трговци на
зелените пазари е ограничена, а ценовните притисоци кои доаѓаат од
големопродажбата не се пренесуваат целосно на крајните потрошувачи. Аналитичарите сметаат дека ова се должи на високото ниво на конкуренција на зелените пазари, каде
што функционираат многу индивидуални продавачи со ограничена способност да
диктираат цени.

– 
Покрај тоа, зелените пазари се
карактеризираат со ниски влезни бариери за нови трговци, што овозможува
поголема динамичност и ценовна флексибилност. Исто така, потрошувачите имаат
можност за директна споредба на цените, што врши дополнителен притисок врз
продавачите да останат конкурентни
. Наместо тоа, трговците често апсорбираат
дел од трошочниот притисок што доаѓа од големопродажбата преку намалување на
нивните маржи, што дополнително го засилува аргументот за висока конкуренција– се посочува во анализата.

Потоа укажуваат
дека според резултатите зелените пазари не се значаен
извор на дополнителен инфлациски притисок и дека вниманието на креаторите на
политики треба да биде насочено кон други сегменти на пазарот на коишто се
продава овошје и зеленчук – малопродажните маркети и откупните пунктови (земјоделец
– големопродажба), каде што можеби постои поголема концентрација на пазарна моќ
и потенцијално поагресивно однесување на учесниците во синџирот на снабдување.

Неодамна Државниот
пазарен инспекторат изрече казни за осум правни
субјекти се затворени во траење од 15 дена, а притоа им беа изречени
ипарични
казни бидејќи не ги почитувале владините мерки за скалесто ограничување на
маржите. Директорот на пазарната инспекција Влатко Стојкоски по двонеделните
проверки во кои беа опфатени 365 малопродажни објекти и 64 големопродажни откри дека казнетите компании имале и до
70 проценти бруто профитна маржа за некои продукти.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy