Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО Фракција со осуда за узурпирањето на правото на слобода на говор и сеење на омраза и нетрпеливост од страна на директорот на Канал 5
Македонија

ВМРО Фракција со осуда за узурпирањето на правото на слобода на говор и сеење на омраза и нетрпеливост од страна на директорот на Канал 5

02/11/2023

AA

ВМРО Фракција испрати соопштение во врска со синоќешниот скандал на Канал 5 телевизија.

Според нив, директорот на телевизијата Иван Мирчевски, на најбрутален начин од емисија го избрка гостинот Исмет Рамадани.

„Фракцијата за ревитализација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, најостро го осудува узурпирањето на правото на слобода на говор и сеење на омраза и нетрпеливост од страна на директорот на телевизијата, кон гостинот во програма кој самата телевизија го поканила.

Овој скандалозен настан, на кој му претходеше националистичка реторика од страна на Биљал Касами, коалициониот партнер на Мицкоски, во врска со изведувањето на македонската химна во училиштата, не се ништо друго туку однапред договорени акти за подигање на меѓуетничка тензија во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори и дефокисирање на македонските граѓани од уставните измени како пат кон започнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Искрено жалиме поради фактот што Канал 5 како телевизиска куќа со национална фреквенција, преку својот уредник, одбра да биде средство за политички калкулации на Мицкоски, во насока на подигнување на меѓуетничките тензии во Македонија. Наместо поигрување со чувствата на граѓаните, сметаме дека многу поцелисходно би било, уредничкиот тим на оваа телевизија да се позанимава со јавното признание на некогашниот министер за финансии Борис Стојменов за раскрчмувањето на средства на граѓаните, на лица блиски до Мицкоски, на кои „од ракав“ им се давале неповратни кредити за купување на недвижнини и олимписки села, како и тесните врски на сопственикот на оваа телевизија со насадениот таканаречен „лидер“ на ВМРО-ДПМНЕ денес, или барем да се позанимава со тешката меѓународна изолираност на нелегитимното раководство на ВМРО – ДПМНЕ, кое буквално е одстрането од сите политичко процеси во земјава. При тоа, партијата е дефакторизирана и во билатералните односите со скоро сите земјите членки на ЕУ.

Фракцијата за ревитализација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ го повикува членството на партијата, да не подлегнува на веќе прочитаните „маалски финти“ на Мицкоски, кои си поигруваат со меѓуетничките односи во земјата, бидејќи последиците од таквите „политики“ на неизживеан тинејџер ги чувствуваме до ден денешен.

ВМРО -ДПМНЕ беше, а по заминувањето на Мицкоски, повторно ќе биде партија која се грижи за напредокот и благосостојбата на сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната верска, национална и секаква друга припадност“, велат од ВМРО Фракција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy