Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Власта знаела за пропаѓањето на еврообвзницата и затоа се задолжила со државни обврзници по повисока камата и под лоши услови
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта знаела за пропаѓањето на еврообвзницата и затоа се задолжила со државни обврзници по повисока камата и под лоши услови

18/02/2023

AA

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека откажувањето на еврообврзницата од страна на владата на премиерот Димитар Ковачевски не само што го нарушува угледот на Македонија пред финансиските институции, туку ќе има и можни финансиски импликации.

Според нив, власта молчи за тоа и се обидува овој скандал да го заташка, затоа што ако почне да одговара ќе се отворат уште повеќе други работи поврзани со задолжувањето.

„Почитувани, власта, односно министерството за финансии предводено од Бесими и владата предводена од Ковачевски знаела дека еврообвзницата ќе пропадне најмалку уште од 14 февруари. Впрочем тие на 14 февруари, ден пред јавноста да дознае за срамот со еврообврзницата, одржале аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25% Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари.

Ова покажува дека Македонија ја задолжиле многу скапо, односно ако во минатото каматната стапка од 5% се даваа за рок на доспевање од 15 години, сега за 2 годишни државни обврзници плаќаат каматни стапки од 5,25%.
Сега поради неспособноста на владата на Ковачевски имаме позајмување на скапи пари, нарушен углед пред меѓународните институции и дополнително поголем долг.

Оваа неодговорна власт граѓаните сега, но и во иднина граѓаните скапо ќе ја плаќаат. Оваа влада на Ковачевски мора час поскоро да си замине“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy