Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: На последниот ден пред заминување од премиерската позиција Ковачевски наместо да им се извини на граѓаните, одбра да лаже, владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На последниот ден пред заминување од премиерската позиција Ковачевски наместо да им се извини на граѓаните, одбра да лаже, владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна

23/01/2024

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Димитар Ковачевски на ден пред заминување од функцијата премиер, наместо да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги, манипулации и неправди, одбра да лаже.

„Наместо година на европски можности, за владата на СДС и ДУИ 2023 година беше година на криминал, корупција, скандали, афери, тендери, како и сите овие 8 години.

Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски тоне на секое поле.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски, немаше земјоделците изминатите 8 години да протестираат поради слаб откуп и ниски цени секоја година.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше навремено учебници за учениците.

Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше лекови за сите граѓани, а не само за неколкумина, или пак ќе ги изградеше Клиничките центри во Скопје и Штип, или пак ќе ги задржеше докторите во државата, наместо тие да си одат.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски за 8 години ќе го доизградеше автопатот Кичево Охрид, наместо само да потпишува анекси за милионски суми, или пак Скопје-Блаце, чија изградба е само 2 километри или пак ќе ја изградеше железничката пруга до Бугарија, или експресниот пат од Градско до Прилеп.

Да беше “успешна“ владата на Ковачевски до сега ќе бевме земја која почнала преговори со ЕУ, наместо земја понижени пред другите земји од соседството и членките на ЕУ.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што пола функционери се на црната листа на САД.

“Успешноста“ на владата на Ковачевски се гледа и во тоа што 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, додека младите се иселуваат, а Македонија се празни.

Ковачевски е најслабиот премиер во независна Македонија кој на нелегитимен начин беше поставен, за да ги исполнува барањата на Ахмети и ДУИ.

Ковачевски не учествувал на избори и затоа не е свесен за своите неуспеси, но неговото заврши.

Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна.

Нема никаква европска вредност во владата на СДС, ДУИ и Ковачевски. Ковачевски секогаш кога сака да се затскрие зад својот криминал и криминалот на ДУИ се фали дека владата му била европска.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45004
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

13/08/2026

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy