Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Константно зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата од кога е СДС на власт
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Константно зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата од кога е СДС на власт

12/12/2023

AA

Новата измислена давачка на Марко Бислимоски е  давачката за пристап на мрежа. Нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај.

Денес слушнавме уште една небулоза од РКЕ на СДС: „воведувањето на пристапот на мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарината“- според Марко Бислимоски.

Дали РКЕ непромислено избрза со идејата за враќање на евтината тарифа, па сега измисли нов начин како да ги собере парите назад од граѓаните?

Најпрво  се исфалија дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако  такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата. Потоа Бислимоски излезе на прес да ги брани ЕВН дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Арно ама денес и тоа падна во вода. Бенефитит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап на мрежа„.

Кога сето ова ќе се собере ќе излезе дека од сето ова нема никаков бенефит, туку само нов удар по џебот на граѓаните и компаниите

Со доаѓањето на оваа власт, освен покачување на цената на струјата, не добивме ништо друго. Станавме земја со уништени енергетски капацитети, која најлошо се снајде во енергетската криза, без доволно домашно производство. Енергетски компании  опстануваат преку префрлање на пари од буџетот директно во нив, за  да после тоа во сметките за електрична енергија добиеме информации колку Владата не „субвенционирала“! Ама за жал од нашите пари.

Иако се обидуваат покачувањето на цената да го замаскираат  преку нови давачки како денешнава  и воведување на блокови, секое домаќинство знае дека од 2108 година наваму цената на струјата е покачена за скоро 50 %. Од тогаш до сега видовме уништување на  енергетските капацитети, погрешна стратегија во енергетиката и пораст на цените на сите производи како резултат на порастот на цената на струјата.

Затоа народот на изборите во мај 2024 година ќе може да ја казни оваа власт, која не знае ништо друго освен  да приграби за себе.

Интегрално соопштение од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како

01/09/2026
Македонија

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се

01/09/2026
Македонија

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка

01/09/2026
Македонија

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле

01/09/2026
Македонија

Сведочеше инвеститор: Мајката на Ристов уплатила околу 400.000 евра за

01/09/2026
Македонија

39-годишен маж пронајден починат во дворот на Клиничката болница во

01/09/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај Кичево: Загина 75-годишен возач, тројца повредени

01/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45378
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како користи дрога

01/09/2026

29-годишен жител на Охрид бил лишен од слобода во Струга, откако полицијата го затекнала во автомобил со кафеава прашкаста материја.

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се менуваат

01/09/2026

Професионалните возачи од земјите надвор од Европската унија и натаму ќе мора да се придржуваат до постојните Шенгенски правила, иако

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба

01/09/2026

Состојбата на пациентите со западно-нилска треска кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести внимателно се следи, при што дел

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy