Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Пленковиќ го смени министерот поврзан со обвиненијата за рекетирање медиуми
Регион

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Пленковиќ го смени министерот поврзан со обвиненијата за рекетирање медиуми

12/12/2023

AA

Хрватските медиуми јавуваат дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ, откако беа објавени транскрипти од разговори на неговиот специјалниот советник кој нудел да изнајми рекламен простор до медиуми од голем број државни фирми и институции во замена за пари.

Транскриптот од разговорот на специјалниот советник на Филиповиќ, Јурица Ловринчевиќ и новинар на „ТВ Мрежа“ е објавен во најновиот број на хрватскиот неделник „Национал“.

Канцеларијата за борба против корупција и криминал (Ускок) соопшти дека спроведува истрага.

„Поради бројните истраги во весниците поврзани со акцијата врз основа на текстот објавен во денешен Национал, во кој се покренаа сомневања за извршување на коруптивни кривични дела, ја потврдуваме истрагата за предметниот случај“, објави Ускок.

Оттаму изјавија дека по добивањето на потребните податоци и согледувањето на сите релевантни околности, навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошно постапување.

Со смената на Филиповиќ и Ловринчевиќ престанува да биде специјален советник на министерот за економија. 

По објавувањето на транскриптот, Ловринчевиќ демантираше дека бил рекетар. Тој го тврди спротивното. 

„Лаже“, напиша Ловринчевиќ претходно денеска на Линкедин.

За потесетување, хрватскиот неделник „Национал“ во најновиот број објави транскрипт од разговорот на Јурица Ловринчиќ, советник на министерот за економија Давор Филиповиќ и новинарот на ТВ „Мрежа“, Марин Влаховиќ, кој, како што велат, експлицитно илустрира како личност од посебна доверба на премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за економија тргува со влијание и се обидува да изнуди дел од парите.

„Национал“ тврди дека минатата недела добил неколку аудио снимки кои новинарот Марин Влаховиќ ги снимил за време на разговорот со Јурица Ловренчиќ и дека од разговорите се открива дека капитенот на Филиповиќ се претставува како личност која ги контролира рекламните буџети на голем број државни компании, фондови, агенции и други институции и ги насочува кон медиумот што ги промовира неговите интереси.

Amo se kladit da Plenkovic nista ne zna niti je cuja, niti je to tema? pic.twitter.com/v29q7GSwBI

— Socijalist (@socijali_ST) December 12, 2023

Национал пишува дека се работи за вкупно 200.000 евра, од кои некои промотивни кампањи се веќе спроведени или се во тек, а дел би се направил следната година.

Тие наведуваат дека парите требало да се поделат со задржување на половина од телевизијата, а од тие пари да продолжат да работат Марко Љубиќ и Влаховиќ кои имаат емисија на ТВ Мрежа. Ловренчиќ, пак, од Влаховиќ побарал назад дел од уплатените пари.

Инаку, Ловренчиќ е косопственик на „Певекс“, бил и директор на таа фирма и пријател на министерот Филиповиќ и негов најсигурен соработник.

Насионал пишува дека Ловренчиќ е и миленик на Пленковиќ и дека во министерството на Филиповиќ долго време се однесува како да е министер, а не советник.

Хрватскиот вицепремиер Бранко Бачиќ го коментираше написот Национал, кој рече дека не е детално запознаен со темата, но рече дека го видел насловот.

„Во секој случај, останува да се види колку се точни тие транскрипти. Ако е тоа вистина, апсолутно е за осуда“, кажа Бачиќ за загрепската телевизија N1. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy