Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски – 2 куќи во Тафталиџе 2 за Таравари и кумот Меџити кандидат за МЗ?
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски – 2 куќи во Тафталиџе 2 за Таравари и кумот Меџити кандидат за МЗ?

26/02/2023

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат која е цената на опстанок на Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

„Арбен Таравари во 2021 година пријавил дека купил куќа за 150.000 евра. Тоа не е спорно, ако не се види куќата и локацијата. Имено станува збор за куќа во елитната скопска населба Тафталиџе, од 260м2, каде квадратот за станбена површина оди од 1500 до 2000 евра. Кога ќе се направи едноставна математика куќата на Таравари чини и до половина милион евра.

Откако ќе се утврдат фактите дека куќата на Таравари вреди и до половина милион евра, се поставува прашањето кој има интерес и зошто да продаде куќа за 150.000 евра и со тоа да загуби 350.000 евра?

Веднаш спроти куќата на Таравари, куќа има неговиот кум Фатмир Меџити, предлог за министер за здравство.

Како Таравари и Меџити се стекнале со своите две куќи купени во последните година ипол и дали тие се дел од политички пазар? Дали преку политичка корупција Ковачевски и Груби го внесоа Таравари во влада?

ЈО да не биде посматрач на работите, туку да преземе иницијатива и да го истражи случајот со куќите во елитната скопска населба Тафталиџе на новите владини партнери Таравари и Меџити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45042
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот На ден

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена во пресувана хартија, уапсен организаторот

16/08/2026

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy