Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата, која е највисока во Европа, го јаде буџетот на народот, а во меѓувреме, ДУИ и СДС се богатат на нивна сметка
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата, која е највисока во Европа, го јаде буџетот на народот, а во меѓувреме, ДУИ и СДС се богатат на нивна сметка

23/06/2023

AA

Економијата во Македонија никогаш не била полоша, инфлацијата царува, а работоспособниот народ се сели што подалеку од државата, за да заработи за парче леб.

Додека бизнисите на Али Ахмети и домазетот во владата Ковачевски цветаат, инфлацијата го изеде домашниот буџет на граѓаните. Цените за основните прехранбени производи се зголемија и до 100%. Половина милион лица (500.000) во државата живеат во сиромаштија, тоа што порано можеше да се купи за илјада денари, сега не може да се купи ниту за 2.000 денари. Само во една година бројот на градежни работници се намалил за 12.000 луѓе, кои заминале во странство, а таа бројка сега и е многу поголема. На дното сме по странски инвестиции во регионот, а Македонија ја заврши 2022 година со 7,7 милијарди евра јавен долг, што е 57,1 процент од бруто-домашниот производ.

Додека ова се случува Ковачевски си се офајди со евтино земјиште за фотоволтаици, внукот на Али Ахмети ја приграби зградата Соравија, а братот на Артан Груби си купи дуќан во центарот на Скопје за багателна цена.

Интересите и бизнисите им се на прво место, а не сиромаштијата на граѓаните, кои крпат секој месец крај со крај, не им е важно ни тоа што се рушат рекордите на селење од државата на младите луѓе и од страна на Македонците и на Албанците.

ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја преземе власта, главен приоритет ќе биде намалување на инфлацијата, зголемување на домашниот буџет на граѓаните и враќање на младите назад во својата држава.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41542
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

16/02/2026

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy