Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари
Економија

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

30/03/2025

AA

ВМРО-ДПМНЕ овие денови го нападна и лидерот на синдикатот на администрацијата УПОЗ, Трпе Деаноски, откако овој поддржа протест на 2 април организиран од страна на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од УПОЗ и ССМ реагираа дека Владата еднострано ја усвоила информацијата за законското зголемување на минималната плата, додека овие две синдикални организации се залагаат за многу поголема минимална плата за работникот.

За ВМРО-ДПМНЕ, како пшто нагласуваат во денешното соопштение за јавноста, Деаноски и лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, се луѓе на опозициската СДСМ.

„Доказ за тоа дека се лажни синдикалци и воопшто не им е грижа за работниците е тоа што според информациите кои ги имаме, Трпе Деановски од УПОЗ, зема 4 пати поголема плата од минималната плата, односно 104.000 денари.

Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци.

Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра.

Синдикалецот на батерии, Деановски за една година земал пари колку што работниците кои демек  тој ги застапува, не можат да земат ниту за 6 години.

Трпе Деановски работи по насока на Слободан Трендафилов, кој  работи по насока на СДС. Тие се веќе прочитана приказна и нивното лицемерие не поминува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
Македонија

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски,

06/09/2026
Македонија

Шест активни пожари низ земјава, најсложен е пожарот кај Рамно

06/09/2026
Македонија

50 годишен маж од струшко возел со 2,40 промили алкохол

06/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45493
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило залутано зрно од огнено оружје

06/09/2026

На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“- Скопје е пријавено дека кај нив со

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026

На 05.09.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во „Пулс“, доби биста во Струмица

06/09/2026

„Џоче, Струмица ќе те памети“ – порача градоначалникот на Струмица, Петар Јанков во објава посветена на тапанарот од ДНК, Ѓорѓи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy