Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ВО ОПШТИНИТЕ Да се изгласа документ кој ќе гарантира дека нема да има мигрантски кампови
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ВО ОПШТИНИТЕ Да се изгласа документ кој ќе гарантира дека нема да има мигрантски кампови

12/12/2025

AA

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до советите во нивните општини за формирање документ со кој ќе се гарантира дека мигрантски кампови нема да има, изјави премиерот Христијан Мицкоски при поставувањето камен-темелник на спортска сала во скопско Ново Село.

Премиерот истакна дека ширењето на лажна паника за мигрантски кампови e кривично дело.

– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите документ со кој ќе се потврди политика против нелегалната миграција и генерално такви процеси, дека нема на територијата на тие општини да се создадат мигрантски кампови и ќе побара од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата – подвлече Мицкоски пред новинарите.

Премиерот го повтори цврстиот став на Владата во врска со наводите и шпекулациите за кампови, но исто така истакна дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика.

– Јас не можам да се изначудам сè уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не иде на нивна полза, бидејќи самите тие на владина седница гласале за да се градат такви прифатни центри за што имало протести во минатото вклучително и ние. Јас кажав во една моја изјава дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика, за што бевме обвинувани дека сме ксенофобична партија. Сега сосема спротивни обвинувања од страна на СДСМ, а вистината е јасна, апсолутно. Таква работа ниту ќе се случи, ниту има план дека такво нешто би се случило, впрочем такви беа изјавите од единствен иот официјален извор, а тоа е Британската амбасада во земјава, рече Мицкоски.

Mицкоски откри и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата.

– Тие се кривично одговорни за тоа што го прават бидејќи јас разбирам дека имате во вашата партија проблеми, не можете да формирате Извршен одбор, никој не ви се нафаќа, општински организации, и тоа е во ред. Разбирам таа тема да ја терате еднаш два пати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, соодветните министерства внатрешни, надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и вие свесно и покрај демантите ширите паника и за тоа во кривичниот законик се предвидени одредени санкции. И јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октроирани стеги на претходната Влада на СДСМ и ДУИ и против овие лица да покренат процеси затоа што многумина од граѓаните со право ми се јавуваат и ме прашуваат и покрај тоа што еве веќе една недела зборуваме со деманти и кажуваме дека такво нешто нема да се случи – рече тој.

Ќе дојде пролет и мигранти нема никој да види, вели премиерот.

– Јас реков трајно ја напуптам политиката ако раководството на СДСМ, тоа бар што остане таму, пронајде мигрант кој што е дел од договорот со Велика Британија или кој било договор – истакна Мицкоски додавајќи дека сега му ги бројат овие последни години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy