Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има!

12/12/2025

AA

Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од Филипче и неговиот ментор Заев, кои ја уништија партијата и ја доведоа до 120 илјади гласа, ти прават се за да останат на чело, на и така распуштената партија.

Од таа причина отвораат разни теми, како и последната со мигрантите. И покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадорот негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, СДС и Венко Филипче продолжуваат само за тоа да зборуваат.

Иако знаат, уште еднаш им повторуваме, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во државава никакви мигранти нема да има.

Но, сепак, во државава има некој кој на македонска територија сакал да отвори прифатни центри за мигранти, а за тоа гласал и на владина седница.

Тоа е Венко Филипче, кој како министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци. Ова, Филипче го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија.

Во 2018 година, како министер во тогашната влада за Заев, Филипче активно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.

На ден 26.01.2018 година, во „Службен весник на Република Македонија“, број 16, страна 189, точка 1.6, стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

Од ова е многу очигледно дека Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти и да не бил тогашниот притисок од ВМРО-ДПМНЕ, денес во Македонија ќе имаше мигранти.

На СДС, а посебно на Филипче кој сè уште е продолжена рака на Заев, на ваквото глумење загриженост и некаква одбрана на државата, никој не му верува. Ни на повикот за протести никој нема да им одговори, дури ни нивните последни поддржувачи и членови.

Затоа што и народот и членовите на СДС јасно гледаа и се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, и од опозиција продолжува да ја контаминира и Македонија. Сите добро знаат дека и така наречената декларација и темата за мигрантски кампови, се само обиди за спас на криминалите на Заев и Филипче.

Нема да можат да дефокусираат со измислени теми и одговорност за криминалот ќе има, а тоа што треба СДС и Филипче да направат е да им се извинат на граѓаните за ширењето паника, сеењето страв и лажењето.

Сè додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy