Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво, вели Ковачевски
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво, вели Ковачевски

19/05/2023

AA

ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица. Многу брзо ќе треба да одлучат дали ќе го фатат последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок кој неминовно оди и носи одлуки за приклучување на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

– Во тој контекст и високиот претставник на САД Ексобар упати јасна порака. Опозицијата не треба да ми даде на мене поддршка. Треба да ја поддржи европската иднина на нашите граѓани, а нашите граѓани сакат да живеат во ЕУ ама да живеат тука – дома во Северна Македонија земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Посочи дека денеска со коалициските партнери се сложиле дека заедничка цел е земјата да оди напред и да се движи со демократскиот и прогресивниот свет. Нашата цел, рече Ковачевски, е полноправно членство во ЕУ до 2030 година и во оваа цел не поддржуваат и нашите стратешки партнери.

– Денес кога е повеќе од кога било досега важно Европа да остане обединета целосна, слободна и во мир со нашите стратешки партнери се согласивме дека истото не е можно без интеграција на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во европското семејство. Токму затоа евроатлантската интеграција на Северна Македонија и нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност се особено важни за нашите стратешки партнери САД, рече Ковачевски.

Повика на отвореност и политичка одговорност и ги повика сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварување на стратешките цели на државата.

– Опозицијата одбива да се вклучи и во Работната група за подготвување на уставните амандмани исто како што одбија и беа против сите важни процеси во државата. Но, сепак, ја повикувам на отвореност и политичка одговорност и ги повикувам сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварувањето на стратешките цели на државата. Заедно ги донесовме одлуките, заедно да ги донесеме одлуките и заедно да ја обезбедиме европската иднина, рече Ковачевски.

Продолжувањето на европскиот пат, според Ковачевски, е историска шанса која, како што рече, не е сигурен дека ќе ја добиеме повторно и која треба да се искористи сега и веднаш.

– Ние поминавме 11 години во барање на алтернативни начини за развој на државата и приклучување кон евроатланските интеграции. Тие 11 години на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека државата единствено заврши во ќор сокак и во изолација. Сега кога државата веќе има донесено низа тешки одлуки, благодарение на оваа Влада, кога е членка на НАТО, кога претседава со ОБСЕ, кога сме земја признаена од целата меѓународна заедница како земја фактор на стабилност на Балканот, која од земја корисник на мировни мисии, стана земја во која што се водат мировни преговор,и шансата мора да ја искористиме, порача Ковачевски.

Полноправното членство во ЕУ до 2030 година, според Ковачевски, е амбициозна, но достижна цел.- оваа владина коалиција е стабилна и силно обединета и ќе ја оствари таа цел, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy