
ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство.
Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме.
Оваа одлука немаше да се случи без народот жеден за правда.
П.С Порака до целата политичко бизнис бандитска исповрзана мрежа:
Заедно со народот жеден за правда ќе ве победиме сите вас кои ја злоупотребувавте државата, сите вас кои ја доведовте Македонија до ова дереџе. Правда ќе има. Ред ќе има. Македонија ќе победи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.