Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН: Посветени сме на подобро и поевтино полнење на кошничките со храна
Македонија

ВЛЕН: Посветени сме на подобро и поевтино полнење на кошничките со храна

02/03/2025

AA

Коалицијата ВЛЕН промовира мерки насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизирање на инфлацијата.

„Во таа насока, усвојувањето на измените на Законот за заштита на потрошувачите, со кои трговците се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на нивните веб-страници, е важен чекор кон транспарентност и пофер конкуренција на пазарот.

Со тоа се гарантира дека цените на основните производи нема да се надувуваат според профитабилните потреби на трговците кои имаат за цел да се збогатат на сметка на народот. Значи, веќе не може преку ноќ да поскапуваат прехранбените производи. Затоа што тоа ги оптоваруваше џебовите на нашите граѓани, предизвикувајќи месечните трошоци само уште повеќе да се зголемуваат.

На оваа ера дојде крајот, особено сега кога влеговме во светиот месец Рамазан, каде што муслиманските верници и сите други граѓани треба да ги наполнат трпезите и да се солидаризираат еден со друг. Сега преку наведената мерка граѓаните ќе имаат можност да ги полнат кошничките со реални пазарни цени, а не со цени кои незаконски се менуваат преку ноќ.

Со новите законски измени, средните и големите компании ќе имаат обврска да ги објавуваат цените на своите производи на интернет, за да им овозможат на граѓаните појасен преглед и можност да ги изберат најповолните понуди. Исклучок од оваа обврска се микротрговците и малите дуќани. Овој закон, кој се очекува деновиве да излезе во Службен весник, ќе стапи на сила во рок од 45 дена од објавувањето, а прописите за негова примена ќе бидат објавени во наредните 10 дена.

Оваа одлука доаѓа по мерките што ги презема Владата за ограничување на профитните маржи за 102 групи основни и хигиенски прехранбени производи, како и за утврдување најгорни цени за 8 групи најосновни прехранбени производи. Овие мерки се во сила и ќе траат до 30 април и ги опфаќаат празниците Рамазан и Велигден.

Државниот пазарен инспекторат започна инспекции на терен за да се обезбеди почитување на овие мерки. До крајот на неделата се очекува да се изврши надзор во над 1.000 стопански објекти, по што ќе бидат објавени податоци за усогласеноста на трговците со одлуките на Владата. Констатираните прекршувања ќе се казнуваат со парични казни од 500 до 10.000 евра, додека во случај на повеќекратно непочитување, маркетите исто така може да се соочат со привремено затворање на 15 дена.

Коалицијата ВЛЕН смета дека овие мерки ќе донесат поголема транспарентност на пазарот, ќе промовираат фер конкуренција меѓу трговците и пред се ќе помогнат да се намалат цените на прехранбените производи. Нашите граѓани заслужуваат правични и ефикасни политики кои ги штитат нивните интереси и обезбедуваат подобар животен стандард.

ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи спроведувањето на овие мерки и да бара одговорност за секоја одлука што ги засега нашите граѓани“, велат од ВЛЕН.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46766
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот министер за Европа вели дека

14/11/2026

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“ Владејачката партија бара обвинителството да

14/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ бара јавното обвинителство да поведе истрага за да ги испита владините одлуки од времето на СДСМ и ДУИ  од

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy